crkva

Црквата Св. Пророк Илија во с. Попчево, Струмица која датира од 1864/66 година е градена од камен, варов малтер и печена тула. По својата архитектонска концепција црквата претставува трикорабна градба со полукружна апсида. Покривната конструкција е на две води, ја држат два реда колони со по четири дрвени малтерисани столба.