Археолошкиот локалитет Црвено Поле се наоѓа на планината Огражден, во самиот југоисточен агол на Р.Македонија близу македонско-бугарската граница која е малку повеќе од 5 км поисточно. Во современата географска консталација тој е 23 км североисточно, по воздушна линија, од регионалниот центар Струмица односно 10 км северно од општинскиот центар  Ново Село и 4 км северно од село Барбарево на чиј ареал и припаѓа. Црвено Поле е микро регион, мала висорамнина, сместена на јужните падини од Огражден со површина од 27 хектари на надмосрка височина од 1 149 до 1 285 м, благо спуштајки се од север кон југ и кон југоисток. Висорамнината покрај повеќето извори и чешми се пои и со две реки: Белогазица која тече централно, прво во правец север југ а потоа продолжува кон исток и североисток и Рждава река која тече во правец
01-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bdсеверозапад-југоисток и која во јужниот дел остро скршнува и продолжува кон југозапад. Непосредната околина на Црвено Поле е обрасната со густа букова а до скоро и борова шума помеѓу кои има и големи чисти површини: ливади и обработливо земјоделско земјиште. Сите овие природни ресурси овозможиле тука да се роди населба која релативно мирно и веројатно многу удобно живеела речиси 5 века: некаде од крајот на 1 па се до средината на 6 век. Црвенополците населба ја подигнале во југоисточнит крај од  висорамнината на двата брега од  Белогазица. Досега се откриени 10 а истражени  9 објекти, со по окoлу 150 м² корисна површина, сите вклопени во амбиентот и максимално адаптирани на природните услови, градени на природна падина која се спушта кон југ со заштитен грб од северните ветрови а целодневно изложени на сонцето и неговата енергија. Објектите архитектонски се разликуваат, сите имаат различни планови но затоа пак сите се со по 5 простории. Градени се во бондрук техника, долните партии се од грубо цепени камени блокови, плитко фундирани во карпата, внимателно редени со извлекувани хоризонтални редови и со мазните страни кон лицата од ѕидовите поврзани со кал. Во тој век,  6тиот, некаде на почетокот од втората половина, населбата ја доживеала својата катастрофа. Сите објекти, 9 досега обработени, се опожарени односно населбата била запалена и опустошена. Населението навреме е информирано да доаѓањето на насилниците и имале време да си заминат носејки ја со себе само основната покуќнина. Црвенополците своите покојници ги погребувале на две некрополи и двете веднаш тука источно до населбата. Избрале убави позиции за вечните почивалишта, врвови од два рида, доминантно видливи од сите страни, веднаш високо над јужниот брег од Белогазица со убав поглед над нејзината долина. На некрополата на Гуштеровата чукарка започнале да погребуваат на крајот од 1 век, потврдени со монетата на Домицијан. Досега има обработено 186 гроб, од нив 156 со кремирани а 30 со инхумирани покојници. Првите гробови се највисоко на ридот потоа останатите до и околу нив. Околу правоаголната гробна јама 02-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b5сите имаат камени венци како маркација на својот вечен дом и до 4 м во дијаметар. Скоро сите венци се со кружна форма,  многу ретко со елипсовидна. Жителите од населбата биле многу интимно поврзани,  затоа што скоро сите камени венци се допираат и надоградуваат еден со друг. Покојниците кои биле кремирани, скоро сите се, особено возрасните на лице место, во бустуми. Во зависност од возраста и големината на покојникот копале не многу длабоки јами до 40 цм но затоа пак ширината и должината е до 70 цм односно 2,45 м. На дното од многу јами се зачувани остатоци од јагленисани греди од кладата. Црвенополците верувале дека душата на покојникот  продожува да живее  на местото каде што тој е погребан и затоа неговиот вечен дом го снабдувале со сето она што му било потребно за живот после животот вклучително  пари, храна и пијалок. Кај жените и децата најчесто додавале керамички садови, поретко накит, најчесто пар златни обетки. Кај мажите покрај садовите и му го оставале и личното вооружување. Редовно по две копја, заедно со боев нож и секира. Двајца покојници со себе си ги понеле и мечовите. Како и сите воини ја откриле и бесмисленоста на војната, затоа верувале в мирен задгробен живот во кој ке немат потреба од оружје. Заради тоа оружјето кои им го положувале на покојниците во гробто предходно го свиткувале или им го отсекувале врвот од острилото. Црвенополците биле многу конзервативни што се однесува до своите сепукрални традиции. Тие своите покојници продолжиле да ги кремираат и длабоко во 4тиот век, во гробовите од тој период покрај вообичаениот гробен прилог се оставани и посребрени монети од Констатнтин Први датирани околу 330 година. Но исто така биле и многу толерантни кон оние кои ги прифатиле новите вредностни системи. Во повеќе наврати два гроба, еден со крамација друг со инхумација, се на растојание од само петнаесетина сантиметри. Со иста гробна форма, со ист правец, запад – исток, со иста гробна содржина. Гробови ѓи имат зачувано и камени венци но овој пат тие не се со кружна форма туку ја следат формата на гробната јама. Во овие гробови монетите не се присутни но се оставени луковичести фибули кои според Келер припаѓаат на тип 2 и 3 кои се датирани од 340 до 380 г. Но она што како традиција не го заборавиле се садовите работени на рака, присутни во сите гробови се до крајот на 4 век, без разлика дали се работи за кремрани или инхумирани покојници.

DCF 1.0

Формата на сите овие садови е иста разликата е само во димензијата. И овој тип на рачно работен сад не се наоѓа во населбата туку бил исклучиво за погребување. Немајки доволно простор на јужната падина а почитувајки го интегритетот на постарите погребувања некрополата продолжува да се шири на мало но доминантно плато на северниот крај од ридот. Тука исклучиво се погребани инхумирани покојници. Гробната архитектура останува иста: правоаголни или елипсовидни камени венци на површината, големи јами убаво изделкани во карпата со мазни страни. Нов момент е тоа што имаат странично изделкани жлебови кои се користени за лежиште на дрвените даски или греди со кои  била покриена гробната јама над покојникот. Доаѓа до промена и во однос на гробните прилози, сега во гробот се остава само по еден керамичен сад кој редовно се наоѓа на источниот крај во издлабено плитко лежиште на дното од јамата. И во овој тип на гробови монети не се оставани како гробен прилог, затоа за датирање ни помага ќерамичките садови  според кои ги сместуваме во рамките на 5 век. Со овој тип на гробови завршуваат погребувањата на некрополата на Гуштеровата Чукарка и како нова локација се бира соседниот рид кој е веднаш западно и уште поблиску до населбата На некрополата на Спасов Рид се истражени 9  гроба кои се последна фаза од хронолошкиот и типолошкиот развој на погребните форми на Црвено Поле. Сите се ориентирани   3 – И , со сосема мали девијации кон север или југ.
06-%d0%b3%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d1%87%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%be%d0%b1-%d0%b1%d1%80 Гробовите се со надгробно одбележје со правоаголен венец во форма на груба циста, со две челни плочи поставени на површината од земјата. Должината изнесува и до  2,30 m so ширина до 0,85 m. Јамите се вкопани во карпата со убаво изделкани страни и со жлебови по сверната и јужната страна на висина од околу половина метар над дното од гробната јама  и наместо со дрвени даски или греди како кај последниот тип на гробови од некрополата на Гуштеровата Чукарка тука се покриени сo убаво цепени камени плочи. Во овој тип на гробови нема никакви гробни прилози. Отсуството на гробни прилози не е резултат на намалената економска моќ на населението. Населениетое веќе длабоко етаблирано во христијанството и следејки ѓи неговите постулати пред бога оди само со богатството на своите души.