Проектот насловен како Изградба на стариот театар во Струмица којшто го носи името на познатиот македонски драмски писател Антон Панов е составен дел од Програмата на Министерството за култура при Владата на Република Македонија за реконструкција на музеи, стари театри, спомен куќи, галерии, кино сали, библиотеки и други објекти од областа на културата низ целата територ20160627_093249_resizedија на Република Македонија. Овој проект за градот Струмица има културна и историска димензија. Тој претставува остварување на сонот на сите струмички актери и на сите граѓани коишто со нетрпение очекуваат на истото место да го видат возобновениот струмички театар.  Инаку, зградата на стариотиот театар е изградена во далечната 1949 година а во 1968 е
извршена негова реконструкција кога биле додадени уште две помали помошни простории. Стариот објект се користел се до средината на седумдесетите години на минатиот век – период кога биле постигнати најголемите успеси на ансамблот на Струмичкиот театар и период кога оваа театарска куќа перманентно го стимулирала културно-уметничкот живот не само во градот, туку и пошироко. Во него се одиграле дела од многумина странски и домашни автори какви што се Софокле, Шекспир, Молиер, Макијавели, Шилер, Ибзен, Чехов како и драмски текстови на 20160606_134650_resizedдомашните автори Антон Панов, Војдан
Чернодрински, Ристо Крле, Васил Иљовски, Коле Чашуле, Кочо Урдин и повеќемина други. Во ансамблот на струмичкиот театар  работеле и такви актерски величини какви што биле артистите Aлександар Думов, Стојан Гогов, Зора Ѓоргиева, Кирил Здравески и уште неколкумина други коишто израснале во столбови на македонското повоено актерство и од чиешто искуство се напојувале средната и најмладата генерација струмички актери. Со изградбата на зградата на стариот струмички театар во суштина се возобновува еден култен простор врз чијашто традиција ќе се надоградуваат не само современите идејни, естетски и нови творечки театарски форми и содржини туку истовремено ќе се обликува и збогатува со нови содржини и естетските поимања сегашните и идни почитувачи на тетарската уметност коишто несомнено се составен дел на феноменот наречен Струмички театар.