Заштитните  археолошки  истражувања на Средновековната црква која е лоцирана во подножјето на локалитетот ,,Цареви Кули“ кај Струмица започнаа во 2015 година, под раководство на Маргарита Атанасова и м-р Душко Цветанов, од  НУ Завод и Музеј Струмица. Остатоците од црквата, се евидентирани пред  повеќе од една деценија, но досега не биле предмет на археолошки третман.  Апсидата и олтарниот простор предходно биле на удар на илегалните копачи (една третина од целосниот габарит на црквата). Црквата во подножјето на Цареви Кули била дел од урбаното јадро на средновековна Струмица, изградена покрај една од кумуникациите кои воделе до утврдениот дел.
img_9234 Со тоа можеме да констатираме дека просторот на кој се протега сакралниот објект е една од пошироките тераси на самиот рид,  дел од цивилниот простор на стара Струмица. Со археолошки истражувања на овој локалитет успеавме да го откриеме целосниот габарит на црквата, како и следење на фазите на изградба на истата. Откривање на просторните, архитектонските и културолошките карактеристики на објектот и утврдување на стратиграфските слоеви и хронологија.  Иако станува збор за еднокорабна црква со димензии: должина 10,20 метри  и ширина 5,90 метри, истата е доста квалитетно изградена со добар градежен материјал (тула, камен и варов малтер). Техниката на ѕидење на одредени партии од надворешната фасада потсетува на cloisonné. Црквата била во тек со врeменските текови на градење сакрални објекти, истата била фрескоживописана, потврда за тоа е откриениот фрескоживопис во in situ положба на влезната парија на западната страна со претстави на стилизирани флорални мотиви. Според архитектурата, како и скромното сликарсктво, црквата можеме да ја сместиме во периодот, првата половина  на XIII век. Во западната половина на црквата под самиот влез беше откриена ѕидана гробница со тула и варов малтер. Овој гроб најверојатно е причината за заѕидувањето на западниот влез. Гробните наоди, како и подот на ѕиданата гробница кој бил
img_9191направен од истите тули со кои е соѕидана и црквата, се доволна подврда дека гробницата била изградена во периодот кога функционирала и самата црква. Откривањето на остеолошки материјал од повеќе покојници, укажува дека најверојатно во оваа горбница било погребано ктиторскот семејство, т.е. семејна капела. Движните наоди укажуваат на XIII – XIV век, период кога на овие простори има напредна децентрализација на моќта и раст на ситно феудално племство, кое според својата моќ и сретства граделе свои цркви како нивни вечни почивалишта. Откриената гробница во оваа црква е потврда за тоа, можеби овде бил погребан некој струмички великодостојник, управител на градот или човек кој имал доволно средстава да изгради своја семејна капела. Поради ограниченоста на происторот на истражување, како и целта за откривање само на габаритот на црквата, не наидовме на придружни објекти, иако не се исклучува можноста за нивно постоење, но со сигурност можеме да тврдиме img_8983дека околу црквата се развила повеќеслојна некропола. Просторот околу црквата во XIX – XX век е познат како ,,Јабанџиски гробишта“, на само десетина метри од истата се погребани двајца струмички локални војводи, Костадин Самарџиев – Џемето и Крсте Новоселски.

Со тоа се  потврдува, дека овој дел од градот Струмица до блиско минато бил дел од духовната колективна меморија на локалното население. Според резултатите од археолошките истражувања во 2015 година  се потврдува потребата за идни истражувањан на овој простор, како и ретката можност за истражување на урбаниот дел на стара Струмица.