ZBORNIK NA TRUDOVI 2017-1

Почитувани,

Националната Установа “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј”-Струмица годинава прославува 65 години од своето основање (1952-2017). Одбележувањето на овој за нас мошне важен и значаен јубилеј, меѓу другото, ќе биде збогатено со печатење посебен Зборник на трудови во кој ќе бидат застапени теми од историската, воено-политичката, духовната и културната традиција не само на Струмица и Струмичко и на Македонија туку и пошироко. Печатењето засебен Зборник на трудови по повод 65 години од основањето на нашата институција претставува проект од национален интерес и тој е дел од Годишната програма на Министерството за култура при Владата на Република Македонија за 2017 година.

Националната Установа “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј”-Струмица посебно ќе биде почестена во Зборникот на трудови да биде застапен прилог од Вашето поле на научен и стручен интерес.

Ве молиме Вашите прилози да ги доставите до 30 јуни 2017 година на следната електронска адреса: vgorgiev@yahoo.com; или НУ “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј”-Струмица, ул. “27 март” бр.2, 2400,Струмица – Република Македонија  (CD/отпечатен примерок).

                                                                                                за Уредувачкиот одбор

                                                                                       Васил Ѓоргиев-Ликин

Почитувани,

Уредувачкиот одбор за подготовка Зборник на трудови по повод јубилејот 65 години од основањето на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица Ви доставува упатство до кое треба да се придржувате при подготовката на текстот за зборникот.

Текстот треба да биде доставен во еден опечатен примерок и одделно во електронска форма ( CD, e-mail) во Word.doc. со фонт Times New Roman (12) со македонска подршка за текстовите на македонски јазик. За текстовите напишани на друг јазик исто така да се употребува истоимениот фонт Times New Roman. Специфичните фонтови што ги употребувате, задолжително пратете ги со останатиот материјал.

 

Трудот треба да содржи:

Текст во обем до 1 а.т. (16 страници) со резиме на македонски или на англиски јазик; илустративен материјал до 15 прилози (фотографии и фотогрофаии во дигитална техника, цртежи, калкови, планови со резолуција 300 или над 300 точки 1:1); и легенди за илустративниот материјал.

 

Цитирање:

Посебни книги: автор, наслов, место и година на издавање, цитирани страници. Пример: Илија Велев, Византиско- македонски книжевни врски, Скопје, 2005, 133-134.

Трудови во часопис: автор, наслов на трудот, назив на часописот (полн или со позната кратенка), број на изданието, година (исклучително и местото) на издавањето, цитирани страници; Пример: Петар Миљковиќ-Пепек, Повеќеслојноста на ликовните пораки во македонските светителски култови, Културен живот, бр.3, год, XXXVIII, Скопје, 1993, 23-24.

Колективни и периодични публикации: автор, наслов, наслов на публикацијата, место и година на издавањето, цитирани страници. Пример: Васил Ѓоргиев-Ликин, Проникнувањето на ранохристијанската традиција и заживувањето на монаштвото во Струмица и Срумичко (Согледби врз основа на историската податливост во Житието за св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици од Теофилакт Охридски), Зборник на трудови во спомен на Емилија Петковска, Струмица, 2014, 73-74.

при повеќекратно наведување на исто дело се повторува презимето на авторот и скратениот наслов или презимето на авторот и соодветните кратенки: нав. дело, op.cit.