Ноќ-на-Европските-музеиИсториското одделние при Националната Установа “Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј” – Струмица е оформено уште со основањето на нашата институција во далечната1952 година. Од музејските книги може да се види дека прв заведен музејски предмет во нив е оригиналниот печат на популарниот македонски војвода Коста Попето учесник во националреволуционерното и ослободително движење на Од-отворањето-на-научниот-собир-Самуиловата-држава-во-историската-воено-политичката-духовната-и-културната-традиција-на-Македонија
македонскиот народ од крајот на XIX и почетокот на XX век. Печатот ги примил и го запишал во музејските книги првиот директор на Музејот дипломираниот историчар Чедо Хаџиски. Со овој чин биле поставени не само темелите на институционализираната музејска дејност во Струмица и Струмичко туку со откупот на овој предмет било означено и основањето на првата музејска Збирка воопшто насловена како “Збирка печати и штембили”. Стручната и научно-истражувачката работа во историското одделние е поставена врз основа на следниве начела: прибавување, истражување, средување, стручно и научно обработување историски музејски материјал и музејски предмети; евидентирање музејски материјал и музејски предмети во музејските книги и нивно чување и заштита; објавување и презентирање музејски материјал и музејски предмети преку организирање постојани и повремени изложби, предавања, семинари, прикажување филмови и други форми на дејствување; научно-истражувачката дејност се реализира преку истражувачки проекти, со организирање научни собири и научни конференции, предавања, промоции на книги и сл.; натаму следуваат издавачка дејност, конзеварција и заштита на музејски предмети итн. Како резултат на досегашното работење во историското одделние при НУ “Завод и Музеј”-Струмица оформени се повеќе Збирки на музејски предмети и тоа: Збирка печати и штембили; Збирка оружје и воена опрема; Нумизматичка Збирка; Збирка текстилни предмети; Збирка одликувања, значки и медали; Збирки на документи, ракописи, книги и печатен материјал; Збирка фотографии и др. Важно е да се укаже на фактот дека во богатиот фонд музејски предмети кои се наоѓаат во трезорите на историското одделение се чуваат и такви оригинални DSC03805музејски предмети коишто имаат непроценливо значање не само за културно-историското минато на Струмица и Струмичко туку и пошироко за историјата на Македонија. Во таа смисла, како музејски предмет со исклучително значење треба да се спомене оригиналниот печат на Струмичкиот револуционерен
округ на Македонската Револуционерна Организација којшто претставува еден од ретките предмети-сведоштва од времето пред, за време и по Илинденското востание. Заедно со горе споменатиот печат на војводата Коста Попето кој е единствен засега на кој е изгравиран името на еден војвода од Илинденската епоха претставуваат  трајно сведоштво за автентичноста, за правото на самостојност и правото на сопствен македонски идентитет. Постојаната-историска-поставка-во-Спомен-куќата-на-народнот-херој-Благој-Јанков-МучетоИстовремено тие се и симболи на борбата за општочовечката слобода, култура и напредок. Треба да се истакне дека предмет на наш научно-истражувачки интерес претставуваат речиси сите историски епохи започнувајќи од антиката, средновековието, турско-османлискиот период, националослободителното и револуционерното движење од времето на Илинденскиот период и по него, Балканските војни и Првата светска војна, периодот меѓу двете Светски војни, Народноослободителната и Антифашистичка борба на македонскиот народ во текот на Втората Светска војна и сл. Стекнатите сознанија од овие истражувања биле применети при конципирањето на постајаните музејски поставки “Струмица и Струмичко низ вековите”, историската изложба во Спомен куќата на народниот херој Благој Јанков-Мучето, натаму повремените изложби “Револуционери и војводи од Струмица и Струмичко”, “Стари струмички фамилии” и др. или пак презентирани во посебни монографски изданија, студии и публикации, Зборници на трудови, каталози и сл. кВо-разговор-со-Љубомир-Цонев-внук-од-синот-Страхил-на-револуционерниот-деец-од-Струмичко-Атанас-Нивички-Брадата
оишто претставуваат дел од издавачката продукција на историското одделение при НУ “Завод и Музеј”-Струмица. Освен тоа, вредно е уште да се забележи дека во историското одделение се иницираат и реализираат и такви истражувачки зафати и проекти коишто на институцијата и овозможуваат да се профилира и позиционира како значаен научно-истражувачки центар не само во Југосточна Македонија туку и пошироко. Во таа насока мошне придонесуваат одржувањето научни собири какви што на пример беа собирите одржани во 2012 и 2014 година посветени на 100 – годишнината од започнувањето на Балканските војни (1912-2012) и Од-отвроањето-на-научниот-собир-Струмица-и-Струмичко-во-времето-на-Балканските-војни-и-Букурешкиот-мировен-договор1000-годишнината од Беласичката битка и смртта на цар Самуил (1014-2014). Во текот на долгогодишното работење преку историското одделение на НУ “Завод и Музеј” – Струмица воспоставени се контакти и соработка со повеќе сродни институции од земјава какви што се: Музеј на Македонија, Заводите и Музеите во Штип, Прилеп, Битола, Охрид, со Музеј Гевгелија и сл. Блиска соработка евидентирана е и со повеќе научни и образовни институции од нашата држава: Институтот за национална историја –Скопје, Институтот за македонска литература-Скопје, Државниот Архив на Република Македонија, Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”-Скопје, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, Универзитетот “Гоце Делчев”-Штип и др., како и блиска соработка со бројни истакнати и еминентни истражувачи и научни работници од земјава и пошироко.Од-отворањето-на-Изложбата-Револуционери-и-војводи-од-Струмица-иСтрумичко