Уште од самите почетоци на работата на установата  во 1952 година на полето на истражувањето, прибирањето на експонатите, заштитата и проучувањето на недвижното културно наследство до денес континуирано ги следи состојбите и води грижа да се решат и надминат комплексните проблеми. Зголемувањето со стручен персонал резултира надминување на некомплетноста и постепена екипираност што понатаму овозможува подинамично стручно работење. Во развојните етапи  значајно место заземаа и одделите што се оформија во 80-те години на 20 век.Одделите кои поинтензивно профункционираа по 1981 година придонесоа да се оформат, археолошки, етнолошки, историски и историја на уметноста со бројни репрезентативни примероци од културно наследство .изработени од различен материјал, тип и функција. Имајќи го предвид  значењето на дел од културното наследство (сакралните објекти-цркви Св.15 Маченици, Водоча и Вељуса, како споменици од прва категорија ), за заштита и презентација се ангажираа стручни лица  и соработници од надвор од врвни институции од Македонија. Во периодот од 1974 со прекин до 1985 година имаа особен придонес во истражувањето на сакрални градби и цркви од ранохристијанскиот до средновековниот период и членовите на тогашниот Одбор за заштита на културното наследство, во кое особено значајна улога имаа д-р Петар Миљковиќ-Пепек,академик Цветан Грозданов, д-р Бранко Панов, проф.академик Димче Коцо, Борис Палазов и други. Денес кога вкупните акивности се одвиваат со уште позасилено темпо, односно се истражува, конзервира и експонира подинамично, ќе ги спомнеме покарактеристичните повеќегодишни истражувања кои како годишни проекти се реализираат со финансиска подршка од Министерството за култура на РМ, а ги извршува одделот Историја на уметност во соработка со постојните оддели во Завод и Музеј. Од проектите ќе спомнеме само дел, а меѓу нив се: Институцијта обезбедува увиди, евиденција валоризација и ревалоризација на недвижното споменично наследство во регионите кои се  под ингиренција на НУ Завод и Музеј – Струмица, истражување и изработка на комплетна фото и техничка документација на архитектурата и сликарството во струмичките цркви од 19 век, Конзервација на икони од 18 и 19 век од црквите Св.Богородица Елеуса с.Вељуса, Св.Атанасие-с.Босилово, Св.Константин и Елена с.Моноспитово, Св.Петка – с.Варварица,Св.Тројца- с.Дабиље, Реализација на проектот Галерија на икони во црквата Св.15 Тивериополски Маченици во Струмица, Учество во стручна екипа за презентација на стална музејска поставка, Проект за санација со конструктивно зајакнување на архитектурата на црквата Света Петка –Трибичино, Изготвување и реализација на проект за конзервација на живописот во црквата Света Петка Трибичино, Изготвување и реализација на дел од проектот Фумигација на Иконостасите и владичните столови на црквата Свети Кирил и Методиј – Струмица, Истражување на руралната архитектура во подогражтенскиот  и беласичкиот регион, Реализација на самостојни и превземени изложби на НУ Завод-Музеј Струмица, За популаризација на културното наследство сведочат бројни стручни трудови во зборници, бројни  каталози од времените изложби со различен тематски пристап што се организираат во соработка со слични државни институции.