Архитектонско-техничко одделение при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Струмица

 

 

               Решението за формирање на Музејот во Струмица е донесено на 28 септември 1952 година и активностите на таа институција била за територијата на Струмичкиот, Беровскиот и Гевгелискиот регион.

                      Имајќи ја во предвид големината на регионот кој го опфаќал Музејот,како и зголемувањето на стручниот персонал во наредните години од формирањето на Музејот, сето тоа овозможувало за екипираност на вработените и подинамично стручно работење.

                Во таа смисла во 1978 година со преименувањето  на Народен Музеј-Струмица  во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости  и Музеј, се формирале пет оддели тоа за: етнологија, историја, историја на уметноста, археологија, архитектура и конзервација со фотографија.

               Во одделот за архитектура работи еден архитект и еден технички документатор, со ангажирање на надворешни соработници од други институции,како и волонтери од Струмица.

          Во текот на годините со зголемувањето на кадар,одделот функционира со двајца архитекти и технички документатори .

      Извршена е и регионална поделба на Република Македонија,со одредени региони под надлежност на Заводите и Музеи, така да  нашата Институција стана надлежна на Струмичкиот, Гевгелискиот и Валандовскиот региот, со што се зголемија и активностите на одделот за архитектура.

           Во 2006 година формиран е сектор за заштита и конзервација на недвижно културно наследство и истиот функционира со архитекти и техничари до денес, со изработени и реализирани бројни проекти во целиот надлежен регион,опфаќајки ги и најзначајните споменици на културата во Република Македонија, како манастирската црква Св. Богородица Елеуса во село Велјуса, Комплексот Водочки цркви во село Водоча, црквата Св. Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица, Тврдината Цареви Кули во Струмица, Доцноримско термално Лекувалиште во село Банско-Струмица, археолошкиот локалитет Вардарски Рид во Гевгелија,црквата Св. Илија во Стар Дојран, староградска архитектура, селска архитектура и многубројни други споменици на културата.

              Секторот за заштита и конзервација има добиено и бројни награди за својата дејност и успешност во реализација на проектите и тоа: во 2009 година-плакета крст Св . Горги од Градоначалникот на општина Струмица, за изработка на проектот за конзервација и реставрација на тврдината Цареви Кули во Струмица и за соработка во неговата реализација, во 2011 година- награда од меѓународниот совет на музеите ИКОМ за Музеј на годината и тоа за реализација на Проектите за реконструкција и адаптација на објектот Турска пошта во Струмица и изработка и издавање на каталог за Галеријата на икони во црквата Св. Петнаесет Тивериополски Маченици во Струмица. Во 2015 година на архитектите Тасева и Цицимов, меѓународниот совет на музеите ИКОМ им додели специјални признанија за изработка и реализација на повеќе проекти во надлежната територија на НУ Завод и Музеј -Струмица.