Интересот за археолошкото културно наследство на оваа почва започнува во текот на 1958-59 год.со првите археолошки истражувања од страна на Милутин и Драга Гарашанин. Од 1961 година археолошки истражувања спроведува Васил Лахтов кој врши археолошки истражувања на црквата Св.Леонтиј во Водоча.  Во текот на 1971-79 година е вршена евиденција на културносто наследство од Музеј на Македонија под раководство на Апостол Керамитчиев, а од Музејот во Струмица од страна на Јован Ананиев. Во средината на седумдесетите години во тогашниот Музеј на град Струмица е вработен првиот археолог Јован Ананиев со што битно се зголемува потенцијалот за афирмација на археолошкото културно наследство во Струмичкиот крај. Кон крајот на 70-тите започнуват поинтензивни археолошки истражувања на Римската терма во Банско и Св.15 Тивериополски маченици во Струмица. Истражувањата на манастирскиот комплекс во Водоча и Римската терма во Банско се спроведуваат под раководство на Јован Ананиев. Од друга страна, на локалитетот Св.15 Тивериополски маченици работат Димче Коцо, Петар Миљковиќ-Пепек и Загорка Делиниколоска.Во текот на осумдесетите години се спроведуваат нови истражувања на Св.40 Севастиски маченици во месноста Банско. Во првите неколку години од осумдесетите започнуваат истражувањата на локалитетот „Орта џамија“ во Струмица од страна на нововработените археолози-историчари на уметност, Маргарита Стаменова-Атансова и Живко Велковски.

      Во текот на 1983 година се откриени остатоците на „Турски амам“ на ул. Ленинова во Струмица. Археолошките истражувања се спроведуваат под раководство наМаргарита Стаменова-Атансова и Живко Велковски. Во текот на 1985 година на праисториската населба „Страната“ во месноста Ангелци работи Воислав Санев од Музеј на Македонија заедно со Маргарита Атанасова од Завод и Музеј, Струмица. Кон крајот на осумдесетите се истражуваат и културните слоеви во месноста „Мачук“ во Струмица под раководство наМаргарита Стаменова-Атансова и Живко Велковски. Истражувања во текот на деведесетите се насочени кон средновековната некропола „Ќерамидарка“ во месноста Мокрино спроведени од страна на Елица Манева и Јован Ананиев. Во подножјето на Цареви Кули се спроведуваат истражувања на местото на трасирање на патот за водоснабдувчката станица во горните делови на градот Струмица, спроведувани од страна на Маргарита Атанасова и Живко Велковски. Исто така, во близина на „Старата полиција“ се истражува некропола од доцноантичкиот период од страна на Јован Ананиев. Кон крајот на деведесетите се истражува и локалитетот „Мерата“ во месноста Баница, истражувања спроведени од страна на Маргарита Атанасова. Во првите неколку години на 21 век Завод и Музеј, Струмица е засилен со уште два нови археолога: Ване П.Секулов и Зоран Рујак. Во почетокот на новиот милениум отпочнуваат нови истражувања на локалитетот „Црвено Поле“ во месноста Барбарево од страна на Ване П.Секулов. Исто така, во текот на 2004 година отпочнуваат археолошките истражувања на некрополата „Јужен рид“ на месноста Цареви Кули, раководени од Ване П.Секулов. Наредната 2005 година започнуваат и првите истражувања на локалитетот „Цареви Кули“како дел од стратегијата на НУ Завод и Музеј, Струмица. Истражувањата се спроведени од страна на Маргарита Атанасова, Ване П. Секулов и Зоран Рујак. Меѓутоа, веќе од 2007 година истражувањата на локалитеот „Цареви Кули“ започнуваат како проект на Општина Струмица, азначајно се интензивираат во наредните неколку години кога се афирмираат како Капитален проект на Владата на Р.Македонија. Истражувањата на овој локалитет до 2014 година се спроведуваатпод раководство на археологот Зоран Рујак. Кон крајот на првата деценија од 21 век се работи и на останатите области под ингеренција на НУ Завод и Музеј, Струмица. Така, се отпочнуваат археолошки истражувања на црквата Св.Пророк Илија во Дојран, Турскиот Амам во Дојран и Саат Кулата во Дојран. Сите локалитети се раководени од страна на археологот Зоран Рујак. Во втората деценија на 21 век се интензивираат истражувањата во Југоисточна Македонија, односно, областите под  јурисдикција на НУ Завод и Музеј, Струмица. Под раководство на Зоран Рујак се вршат истражувања на рановизантиската кула „Пирго“ во Мокриево и праисториската населба „Голема Трпеза“ во месноста Ст.Коњарево. Исто така, отпочнуваат истражувањата на лок.„Стар Суд“ во Струмица, раководени од страна на Зоран Рујак, а кон крајот на 2012 година отпочнуваат истражувањата на локалитетот „Мрдаја“– Дојран во соработка со НУ Музеј Гевгелија. Овие истражувања продолжуваат и наредните неколку години, а се раководени од страна на Зоран Рујак. Во текот на 2013 година започнуваат обемни истражувања на Коридорот 10, односно, новиот автопат Демир Капија – Смоквица. И овие истражувања се работат во соработка со НУ Музеј Гевгелија. Носител на истражувањата е НУ Завод и Музеј, Струмица, а истражувањата се спроведуваат под раководство на Ване П. Секулов.  Во текот на 2015 год. археолошкиот тим на НУ Завод и Музеј, Струмица добива засилување со вработувањето на уште еден археолог – Душко Цветанов. Истата година започнуваат археолошки истражувања на Средновековната црква во подножјето на Цареви Кули, под раководство на Маргарита Атанасова и Душко Цветанов. Во текот на истата година се вршат археолошки истражувања и на праисториската населба „Страната“ во месноста Ангелци раководени од страна на Зоран Рујак и Душко Цветанов. Од 2016 година истражувањата продолжуваат на Средновековната црква во подножјето на Цареви Кули, овојпат раководени од Душко Цветанов. Континуирано се рботат и археолошки локалитети Доцноримско термално лекувалиште-Балнеум во Банско како и римската населба на Црвено Поле. Покрај спроведувањето на археолошки истражувања, Одделот за археологија на НУ Завод и Музеј, Струмица се бави и со обработка, презентација и популаризација на богатото археолошко културно наследство на овој дел од Р.Македонија. Одделот за археологија на НУ Завод и Музеј, Струмица има организирано повеќе самостојни изложби каде е презентиран материјалот од археолошките истражувања. Како поинтересни ќе ги споменеме изложбите „Духовните вредности на Тивериопол“ спроведени во текот на 2003 на Маргарита Атанасова и „Антиката во Југоисточна Мкедонија“ 2012 година на археологот Зоран Рујак. Исто така, спроведени се повеќе Меѓународни симпозиуми од областа на археологијата на кои зедоа учество повеќе еминентни истражувачи од земјата и светот.

       Првиот „Вода, живот, задоволство“ во текот на 2008 година, од кој подоцна излезе и истоимениот Зборник на трудови. Вториот симпозиум „Мртвите ги учат живите“ во текот на 2011 година и третиот „Од плитар до малтер“ 2013 година. Сите меѓународни симпозиуми беа осмислени и спроведени од страна на археологот Ване П. Секулов. Археолошкиот оддел на НУ Завод и Музеј, Струмица, исто така, објавува научни трудови во повеќе домашни и странски публикации, а во припрема се неколку нови монографии и зборници кои го обработуваат богатото археолошко културно наследство од Струмица и регионот. Во последните неколку години беше извршено и целосно инвертарирање и каталогизирање на археолошките предмети од НУ Завод и Музеј, Струмица, Во тек е нивна обработка и припрема за објавување и презентирање во новиот изложбен простор. Стратегијата на НУ Завод и Музеј, Струмица во наредните неколку години предвидува вработување на нови кадрови, интензивирање на археолошките истражувања и нивно збогатување со нови интересни содржини. Исто така, во годините што следат, планрано е спроведување на повеќе археолошки изложби, организирање на меѓународни симпозиуми и публикување на научни и популарни публиации, зборници и каталози.