
Во 2019 година излезе од печат каталогот-коцка кој е своевиден за промовирање на културното наследство на град Струмица.
За изработка на овој каталог,првично се изврши анализа и селекција на објектите кои се споменици на културата во Струмица и кои заслужуваат да бидат обработени и презентирани во каталогот.
По изборот на објектите ,истите се класифицираа по намена (верски,станбена архитектура, археолошки локалитети).
Промовирани се: комплекс Водочки цркви, црквата Св. Богородица Милостива (Елеуса),комплекс цркви Свети Петнаесет Тивериополски маченици,црква Св. Кирил и Методиј ,зграда на Собрание на Општина Струмица, објект-Спрски Крал,Стара Струмичка чаршија,спомен куќа на Благој Јанков-Мучето,објект Завод и Музеј,Орта Џамија,објект од староградска архитектура-Турска пошта.
Каталогот се изработи како картонски кутии-коцки,кои ќе се отвараат на специфичен начин и истите се дизајнирани со посебен дизајн на сите страни од кутијата –коцка.На страните од кутијата има фотографии од објектите и краток текст кој е само најава за посета на објектите. Кутиите се замислени да бидат дизајнирани како подарок,кој посетителите ќе можат да го купат и да го зачуваат како спомен од културното богатство на Струмица.Овој е прв начин на изработка на ваков каталог,кој ја има улогата на презентирање само на општи податоци на објектите со слика и текст, и кој би предизвикал желба за посета на истите и за пошироко нивно запознавање и информирање.
Воедно кутиите –коцки ќе бидат интересни и за најмалите посетители во музејот-децата ,кои ќе бидат како игра низ која ќе се запознаваат со културното богатство на нивниот град Струмица.
Текстот е преведен и на англиски.
Каталогот е во продажба во НУ Завод и Мзуеј –Струмица.
Раководител и изработувач на каталогот –коцка е Диа Славица Тасева,советник конзерватор ,НУ Завод и Музеј –Струмица.