Изобилството на споменици на културата од праисторијата до денес во Југоисточниот дел на Македонија и желбa  да се зачува и документира и  конзервира беше  особена причина и потик да се отпочне со оформување на институција која ке се грижи за заштита и презентација на наследсвото. Решението за формирање на Музеј е донесено на 28 септември 1952 год. од тогашниот народен одбор на Струмица. Во рамките  на почетните активности на формирањето  на оваа институција до денес како и во поглед на нејзиното просторно лоцирање, некогашниот народен музеј своето функционирање го започнува од еврејското училиште како Народен Музеј во 1952 год. и во оваа зграда останува да функционира до 1961 год. кога својата активност ја продолжува во некогашнотоUntitled1 домаќинско училиште. Со уривање на оваа зграда 1963 год. Народниот Музеј, се преселува во зградата на Вишото земјоделско училиште, каде според просторно-материјалните услови била реализирана поставка,која опстојувала неколку години. Во 1978 година доаѓа до преименување од Народен Музеј во Завод за заштита на спомениците на културата  на природни реткости и Музеј, што пак значи дефинирање и оформување  на повеќе  оддела, и тоа оддел за Етнологија, Историја, Историја на уметност, Археологија, Архитектура и Конзерваторски и Фотографски оддел, при што бројот на вработените  се зголемува на 17.2 Во 1986 год.  во просторот на вториот кат од денешниот Историски Архив, е отворена музејска поставка со експонати од Неолит до Народно Ослободителната Војна, со над 1000 изложени експонати, насловена како Струмица и Струмичко низ вековите. 3Со одлука на Министерството за култура на Македонија по 2000 година, институцијата се преименува во Национална Установа Завод  за Заштита на Спомениците на Културата и Музеј Струмица, а нејзините активности се одвиваат подинамично, односно грижата за континуирано и заштитно проучувачки активности продолжува. Во тој поглед надлежностите се прошируваат на поширок простор и истите се протегаат покрај Струмичкиот, Дојранско-Валандовскиот и Гевгелискиот регион.  За својата работа, заштита, конзервација и презентација на културното наследсво    институцијата добила повеќе признанија и награди, а организира   повеќе   вреемени  изложби во сопствениот галеријски простор. Институцијата   има извршено конзервација на  над 1000 двжнни експонати во сопствената конзерваторска лабараторија Во 2016 г   отпочнати се активности за обнова и проширување на сталната постановка со нови експонати.
Дел од  движните Untitled33наоди кои  се донесени од терен  се  депонирани  во сопственото депо на институцујата ,а повеќе заштитни активности на недвижно културно наследсво се одвиваат  на терен. Вакви заштитни активности се вршат   во струмичко и надвор од него. Сите резултати од истражувачките  и заштитни активности се презнтираат  на републички и мегународни симпозиуми кои се публикуваат во стручни списанија  и Зборници.