korica katalog

Балканските војни 1912-1913 година кои резултираа со распарчување на Македонија меѓу соседните балкански монархии проследено со денационализаторска и асимилаторска политика кон Македонците беа една од главните причини за избувнување на Првата светска војна.

Од самиот почеток на Првата светска војна во комплексни воено-политички услови во 1914 годинакога се уште не беше создадена независна држава Македонија, воените обврзници од Македонија близу 60.000 Македонци војуваа во состав на армијата на Кралството Србија, близу 133.000 Македонци војуваа во состав на армијата на Кралство Бугарија и околу 20.000 Македонци војуваа во состав на армијата на Кралството Грција. Вкупно 213.000 Македонци војуваа како војници и офицери во состав на Централните сили и Антантата од двете спротивставени страни на австроунгарско-српскиот фронт од 1914-1915 година и на Македонскиот фронт од 1915-1918 година. Меѓу милионските жртви од Првата светска војна се вбројуваат и близу 50.000 загинати и околу 70.000 ранети и исчезнати Македонци.

Мировната конференција во Париз 1919 година не го признала барањето на Македонците, на Македонија да ѝ се признае меѓународен правен субјективитет и како таква да добие право да има свое претставништво, односно своја делегација на Мировната конференција. Врз основа на Версајскиот мировен договор од 1919 година, а со одредбите на Нејскиот договор од 27 ноември 1919 година, делови од Македонија потпаднале под анексија на соседните балкански монархии.

Македонците во време на Народноослободителна и Антифашистичка војна од 1941-1945 годинаја извојуваа државноста на Македонија, а по одржаниот референдум во 1991 година е создадена суверена, самостојна, независна и меѓународно признаена Република Македонија.

Изложбата ќе биде свечено отворена на 07.09.2018 година во 19:30 часот