Термалното лекувалиште се наоѓа на источниот крај од с.Банско, 14 километри југоисточно од Струмица, на подножјето од падините на планината Беласица, во близина на изворот со термална вода Парило. Истражувањата на Термално лекувалиште од римскиот период се започнати 1978 година и со нив се до 2002 година раководеше археологот Јован Ананиев. Во првите години од ископувањата како членови на истражувачкиот тим се и Томе Јанакиевски и Ѕвонко Белдедовски а од 1992 и Ване П.Секулов. По болеста и смртта на Јован Ананиев од 2002 година со истражувањата раководи Ване П.Секулов. Доцноримското термално лекувалиште како составен дел има 5 објекти: централни и најдобро истражени се Големата и Мала бања. За трите објекти откриени северозападно од Големата бања, заради малиот степен на истраженост во овој момент неможат прецизно да се дефинираат по функција и намена.
03-%d0%b4%d0%be%d1%86%d0%bd%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%be-%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%b0Заради тоа тие работно се именувани како “Објект со мозаик”, “Објект со скали” и “Постар објект”. Изворот на термална вода од кој се снабдувало Доцноримското термално лекувалиште се наоѓа педесетина метри југозападно од бањата. Заради новонаправените каптажи за црпење на термално минералната вода тој веке 30тина години е пресушен. Капацитетот на изворот бил 42 л/с со температура на водата од 72°С, доволно за снабдување и квалитетно опслужување на бањата. Во него се пронајдени монети од 3 век пред па до 3 век од нашата ера.

Голема бања

Бањата е со вкупна површина од 623 м², со  11 простории од кои 10 се потполно истражени и вонредно добро сочувани. Просторијата бр. 3 ја преставува првата фаза од бањата. Тоа е просторија  во која е сместен големиот базент – нататио кој зафаќа површина од 92,88 м² и кој е полнет со топла вода. Лево и десно на југозападниот ѕид постојат полукружни кади помеѓу кои има ѕидан постамент, на кој има дебела наслага од бигор. На него била поставена фонтана од која  се вливала  вода во базентот. Источно до Просторијата бр. 3  е долепен судаториум – систем од три поврзани простории: број 1, 4 и 10 кои служеле како сауна. Зачуван е комплетниот хипокаустичен систем на загревање на подот, ѕидовите и кадите. Сводна конструкција во делот над кадата со полукружен, додека просторот со хипокаустот е засведен со крстест свод. Од североисточната страна на Просторијата бр.3 се двете простории со функција на аподѕтериум и фригидариум. Просторијата бр.2 односно аподѕтериум била со сводна кровна конструкција кој се простирал на пократкиот распон од просторијата, односно на северозападниот и југоисточниот ѕид.

DCF 1.0

Во западната половина од северозападниот ѕид на Просторијата бр.5 има полукружна када со полукупола и целосно сочувана покривна конструкција. Кадата е била со ладна вода што оваа просторија ја дефинира како фригидариум. Овие две простории се дел од втората градежна фаза на бањата. Просторијата бр.6 е јадрото околу кое се развивала бањата во својата трета фаза. Централно место во просторијата завзема базентот-нататио со дно од базент поплочен со тули. Во функција на базентот се и кадите – лабрум во трите ниши на североисточниот ѕид. Просторијата била засведена со полукружен свод. Просторијата бр.8 е прилепена на источната страна од Просторијата бр.6. Оваа просторија е всушност составена од три помали простории кои се во функционална врска. Југоисточната просторија е када – лабрум, со под од тули и малтер. Северозападната просторија  е поплочена со тули, со мала шахта во западниот агол. Тука е и влезот преку кој се влегува во Просторијата бр.6 Просторијата имала полукружен свод, со видливи остатоци на засведување на југозападнит ѕид. Под овој свод над просторијата/када имало уште еден свод кој кадата ја засведувал во правец на должината. Северната, најмала просторија била засведена со полукружен свод према остатоците на засведување на северозападниот нејзин ѕид.

Мала бања

Малата бања се наоѓа 9 м источно од Големата бања во состав на Доцноримското термално лекувалиште. Има ориентација СИ-ЈЗ во подолгата оска. Нема правилна геометриска форма односно сите 4 страни се со различни димензии: долг е 11,0828 м по ЈИ односно 10,2907 м по СЗ ѕид; широк 8,9964 м по ЈЗ односно 9,3650 м по СИ ѕид. Просечната широчина на ѕидовите изнесува 0,65 м додека висината им е различно сочувана, до 4 м. Бањата има 4 простории. Две помали на југозападната и две поголеми на североисточната страна. Југозападните простории (бр.1 и 2) имале функција на аподитериум, односно простори каде корисниците на бањата се подготвувале за капење кое го обавувале во двете поголеми (бр. 3 и 4) простории. Сите 4 простории се градени од комбинација на тула и камен со малтер како средство за врзување.
07-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%9a%d0%b0За трите од четирите простоии ( бр. 2, 3 и 4)  е сигурно дека биле засведени со полукружни сводови од тули. Сводот од Просторијата бр. 3 е целосно сочуван ин ситу,  во состојба каков што бил кога објектот кога бил во употреба. За Просторијата бр.1 нема зачувани елементи кои би укажувало како бил решен овој проблем. Заради големото оштетување од агресивните елементи на термално минералната вода, неможе со сигурност да се тврди како бил решен подот во Просториите бр.1 и 2, но затоа пак тој е делумно или речиси целосно сочуван во Просториите бр.3 и 4. Тука тој  е граден во опус спицатум од мали специјално за тоа направени тули поставени на подолгата а потесна страна (9,5/10х5/5,2х2 цм).

“Објект со мозаик”

Овој објект се наога 13 метри северозападно од Големата бања. Целосно е откриена југозападната просторија со внатрешни димензии од 3,20х2,20м. Во југозападниот и северозападниот ѕид од просторијата има по три ниши, градени исклучиво од тула со убави полукружни лакови. Биле малтерисани, судејки според остатоците од малтер во нивната внатрешност. Подот во овој дел од објектот бил изведен во мозаик. Граден е во техника опус тессалатум со мали квадрати на мермер и пешчар со димензија од 0,5 до 1,5 цм.

“Објект со скала”

Објектот се наоѓа помегу термата и објектот со мозаик.

До него се стигнува преку скали со шест скалила. Преку нив се стигнува до објект кој е зачуван само во основата и со под кој е граден со големи, масивни правоаголни камени блокови со должина од 0,60 до 1 метар и со дебелина од 0,30 м. Зачуваните димензии на просторијата се, во основа 2,20х2,210 м со тоа што таа продолжувала и кон бањата на југоисток но тука масивните блокови се девастирани и невозможно е да се утврди каде завршувала просторијата во овој крај.

“Постар објект”

И тој е откриен само во еден мал дел, односно откриен е само југозападниот ѕид. Тој целосно се наоѓа под сегашното ниво на бањата и од него е откриен само дел од ѕидот од 7,50 м во правец ЈИ-СЗ со тоа што југоисточниот крај влегува под прав агол под северозападниот ѕид од Просторијата бр.3 на бањата а северозападниот под Објектот со мозаик. Висината на ѕидот изнаесува 2,55 м. и ширина од околу 2 м. Подот е поплочен со тули поставени во наизменични низи од по два реда тули.