Галерија на икони е оформена со цел да се презенрира сликарската активност во Струмичко од 15 век до првите децении на 20 век . Галеријата е отворена 2000 година. Сместена е во приземниот дел од новата црква посветена на светите 15 Тивериополски маченици изградена во 1971 год а проектирана од Стојан Коцев. Црквата е лоцирана североистоично вo дворот на археолошкиот локалитет Св.15 Тивериополски маченици Струмица. Галеријата на икони ја сочинуваат 66 икони со различни димензии од 9 струмички православни цркви од градот и околината, како и царски двери, плаштеница и обредни предмети, 10 богослужбени книги, 5крстови,2 сликани манели, 4 кандила, 3 кадилници, една метална чинија и еден свеќник. Сите наброени предмети посебно се конзервирани 2000 година со финансиска поддршка на Министеството на културата на Македонија со цел да се заштитат од пропаѓање и отуѓување. Целосно изложени дела и експонати изнесува вкупно 94 предмети. Во иконописот се застапени стилско-ликовни белези на поствизантиската уметност, левантскиот барок и неоромантизам.Дел од наброените сликарски творби се од зографи од Струмица и источна Македонија, Глигориј
Пецанов, Коста Иван Вангелов, Димитар Беровски и други. Обредните предмети од се од кујунџии од градот Струмица. Покрај струмичките застапени се дела и на зографи по потекло од Пиринска, Вардарска и Егејска Македонија. Иконите се изработени со сликање со полумасна темпера, a предметите со гравирање, печатење, цизелирање и лиење.Експонатите, сликарските дела и обредните предмети потекнуват од црквите: ,,Св.40маченици,, во Банско, ,,Св.Атанасиј,, во Босиловo, ,,Св.Богородица,, во Вељуса,,,Св.Леонтиј,,во Водоча,,,Св.Илија,, во Габрово, ,,Св.Кирил и Методиј,, во Струмица, ,,Св.Илија,, во Нивичино, ,,Св.Спас,, во Колешино, ,,Св.Тројца,, во Дабиле, ,,Св.Ѓорги,, во Ново Село и ,, Св.Илија,, во Балдовци – струмичко.За експонираните икони и обредни предмети испечатени се два каталога а автори се академик Цветан Грозданов, Фроска Јовева, Живко Велковски и РадмилаТашева.